28.02.2023 Скопје
Финска денеска ја води последната дебата за влез во НАТО во својот парламент и однапред ќе гласа за што поскоро приклучување кон воената алијанса, откако донесе одлука дека нема да чека претходна потврда од Турција и Унгарија, ниту изборите во нејзината земја на почетокот на април.
200 пратеници во финскиот парламент денеска ќе одржат финална расправа за предлог-законот за влез во НАТО, а гласањето ќе се одржи најдоцна до среда.
Нивната дискусија се совпаѓа со пристигнувањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Финска, кој ќе оствари средба со лидерите на нордиската земја.
Подготвено од М.Н.