https://www.flickr.com/photos/91261194@N06/50770419251/in/photolist-2kmpEQ4-24EeFA4-5SB5xy-2kgub4n-6YHdFA-5dBkAm-G3MG4t-646ENg-hmkJVC-hkGfYE-6YDbPP-24QAEzB-2kmpEDN-2kgud1Z-6YHdFd-2kgu9kn-2kgq3ji-2kiWwJ1-2kguaWU-2kmqh3K-2mgDFwP-2kgucXc-2kmqhch-cTGViJ-5i4LLm-6d4B85-ge44LX-7d6pwt-9F9UFK-9gt2eW-6Yq5PC-4xxnFb-dVR3Ls-2mjeA3A-8kBE7f-8kytse-2kGujaU-2kmqgzv-2kmkQCk-2kmpGdK-6YDbQ6-8pE91A-3igAxj-4S9wHb-cc3JE3-FnMEQS-CJ63uq-9UK6yh-312NuY-2mjr54q

01.02.2023 Скопје

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ објави дека 2022 година ја имаат завршено со најголем приход откако е основана компанијата, и тоа благодарение на вакцината и лековите против коронавирусот, а истовремено предупредува дека очекува послаб резултат оваа година поради олеснување на инфекциите и залихите.

Приходите на „Фајзер“ во 2022 година пораснале за 23 отсто, односно на 100,3 милијарди долари, за разлика од 2021 година.

Приходите од вакцината против ковид и „Пакскловид“ изнесуваат 56,7 милијарди долари. Нето добивката е зголемена за 43 отсто, на 31,4 милијарди долари.

Во 2023 година, компанијата очекува значително помал приход, во опсег од 67 милијарди до 71 милијарди долари, бидејќи инфекцијата со коронавирусот забавува и многу земји веќе имаат создадено залихи на вакцини и лекови.

Подготвено од М.Н.

About Author