10.02.2023 Скопје
Република Бугарија и Република Северна Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнуваат непотребни тензии, соопшти Европската комисија во врска со последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје.
„Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензиии“, истакнаа од Европската комисија.
Европската комисија потсети на важноста на добрососедските односи.
За случувањата на граничниот премин „Деве Баир“ на 4 февруари, Брисел истакна дека не сакаат да коментираат тековни истраги или пак правни постапки.
Подготвено од М.Н.