iskopuvanje nafta i gas

04.02.2023 Скопје

Европската Унија постигна договор за ограничување на цените на руските нафтени деривати, соопшти шведското претседателство со ЕУ.

„Амбасадорите на ЕУ денес ја одобрија горната граница на цените на руските нафтени деривати пред тоа конечно да го усвои Европскиот совет“, соопштија шведските претставници и додадоа дека тоа е „важен договор кој е дел од континуираниот одговор на ЕУ и нејзините партнери на руската агресорска војна на Украина“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен истакна дека треба да продолжи притисокот врз Русија за да има помалку приходи за да ја финансира војната во Украина, и додаде дека во недела стапува на сила ембаргото на руските нафтени деривати кои се увезуваат по море.

Подготвено од М.Н.

About Author