republika severna makedonija izbrisana od crna lista na eu

15.02.2023 Скопје

Република Северна Македонија е избришана од т.н. „црна листа“ даночни раеви на Европската унија, а од листата се тргнати и Барбадос, Јамајка и Уругвај.

Брисел оценил дека Република Северна Македонија, Барбадос, Јамајка и Уругвај ги спровеле потребните чекори и ги исполниле критериумите за бришење од листата, и инсистира на тоа дека нејзиното јавно објавување не е за да се „оцрнат“ земјите кои се на неа, туку да се охрабрат позитивни промени во даночните практики преку соработка и континуиран дијалог.

Земјите ширум светот се оценуваат според три клучни критериуми: даночна транспарентност, правично оданочување и мерки за справување со ерозијата и префрлањето на профитот од страна на мултинационалните компании.

Од земјите кои не ги исполнуваат критериумите се бара да направат измени во нивното законодавство. Доколку одбијат да го сторат тоа, ЕУ може да ги додаде на списокот, кој не го користи терминот „даночен рај“ туку „некооперативни јурисдикции“.

На „црниот список“ на ЕУ моментално се наоѓаат 16 земји, меѓу кои е и Русија.

Подготвено од М.Н.

About Author