02.02.2023 Скопје
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека испораката на тенкови во Украина нема да донесе решение за крај на војната туку може да допринесе таа да ескалира.
Претседателот Ердоган посочи дека очекува западните земји да ги поддржат повиците на Анкара за преговори меѓу Русија и Украина, и оцени дека вооружувањето на Украина претставува „ризичен чекор“ кој носи профит за трговците со оружје.
Минатата недела, САД ветија дека ќе испратат 31 тенк „М1 Абрамс“ во Украина, додека Германија потврди дека ќе пренесе 14 тенкови „Леопард 2“ во земјата.
Норвешка, Словачка, Велика Британија, Полска и Франција, исто така, ветија дека на Украина ќе и обезбедат тенкови од западно производство.
Подготвено од М.Н.