https://www.facebook.com/photo.php?fbid=720990509396005&set=pb.100044551864456.-2207520000.&type=3

01.02.2023 Скопје

„Шведска не би требало да се труди и да се обидува во овој момент, ние нема да кажеме „да“ на нивната апликација за НАТО се додека дозволуваат палење на Куранот“, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Односите меѓу Турција и Шведска ескалираа по палењето на Куранот пред турската амбасада во Стокхолм на 21 јануари. Анкара соопшти дека нема да ја одобри молбата на кралството за влегување во НАТО се додека не ги исполни своите обврски од меморандумот потпишан со Турција за борба против тероризмот.

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром по повод палењето на Куранот потврди дека процесот на влегување на земјата во НАТО е прекинат, но изрази надеж дека би можеле да се договорат со Анкара на самитот на министрите за надворешни работи на НАТО во Вилнус во јули.

Турскиот претседател претходно изјави дека Анкара би можела да се согласи на влегување на Финска во НАТО пред Шведска, а турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде слична изјава.

Претседателот на Финска, Саули Нинисте, истакна дека Хелсинки не ја менува политиката и дека и понатаму сака заедно со Стокхолм да влезе во Северноатлантската алијанса, и покрај фактот што Анкара го блокира процесот.

Подготвено од М.Н.

About Author