20.02.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако ги посети подрачјата погодени од земјотресот и најави дополнителна американска помош од 100 милиони долари.
„Дополнуваме уште 100 милиони долари за да им помогнеме на оние на кои очајно им е потребна помош“, истакна Блинкен, кој со хеликоптер ја обиколи провинцијата Хатај, која е потполно опустошената од земјотресот.
На дневен ред на разговори меѓу Блинкен и Ердоган исто така ќе биде и конфликтот во Украина, а ќе се осврнат и за блокадата на Турција кон Шведска и Финска.
Ова е прво патување на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Турција по преземањето на функцијата пред две години, а својата европската турнеја ќе ја заврши со посета на Грција, каде ќе престојува вечерва и утре.
Подготвено од М.Н.