rolls royce

28.02.2023 Скопје

Два милиони километри, екстремни временски услови и посветеност на секој детал беа потребни за Rolls-Royce да вклучи електричен модел во својата понуда.

Развојот на Spectre продолжува, а Rolls-Royce објави нов сет на фотографии од тестовите во Јужна Африка, каде тест километри беа покриени од западниот до источниот брег, вклучувајќи чакал.

Во исто време, фокусот повеќе не е на перформансите во возењето, бидејќи таа работа беше изведена на два милиони тест километри на екстремен студ, но и топлина. Остануваат уште околу половина милион километри до крајот на тестирањето.

Наместо тоа, производителот сега се фокусираше на оптимизирање на поставките за контраст на екранот за различни агли на инциденца и интензитет на сончевите зраци. Дополнително, повторно беше тестиран веќе оптимизираниот аудио систем со 17 звучници, а тест-возачите мораа да слушаат однапред подготвена колекција песни.

Бидејќи Rolls-Royce не препушта ништо на случајноста, логично е при развојот на новиот модел да се земат предвид деталите и сите тие да се проверуваат во пракса.

Можеби најдобриот пример е дека дури 1.500 тест часови биле потрошени за оптимизирање на системот за регенеративно сопирање, додека целата програма за тестирање симулира 400 години употреба, истакнуваат од компанијата.

Rolls-Royce овде можеби претерува, но не претерува кога се во прашање информациите за погонските единици, со оглед на тоа што претходно беше најавено дека автомобилот ќе има максимална моќност од 585 КС и автономија од 520 километри.

Цената се уште не е позната, а првите испораки на електричниот модел Spectre се очекуваат кон крајот на оваа година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author