14.02.2023 Скопје
Светската здравствена организација соопшти дека Екваторијална Гвинеја го потврди своето прво појавување на вирусот Марбург, многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, по смртта на најмалку девет лица.
Малата централноафриканска земја стави во карантин повеќе од 200 луѓе и го ограничи движењето минатата недела во нејзината провинција Ки-Нтем, откако откри непозната хеморагична треска. Соседниот Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за зараза. Покрај деветте смртни случаи, Екваторијална Гвинеја пријавила 16 сомнителни случаи на Марбург вирус со симптоми како треска, замор и повраќање и дијареа обоени со крв, соопшти СЗО.
Марбург вирусната болест може да има стапка на смртност до 88%, според СЗО. Нема одобрени вакцини или антивирусни третмани за негово лекување.
Смртта е прелиминарно поврзана со погребна церемонија во областа Нсок Нсомо во провинцијата Кие-Нтем, изјави во петокот министерот за здравство на Екваторијална Гвинеја, Митоха Ондоо Ајекаба. Локалните здравствени власти првично пријавија непозната болест која предизвикува случаи на хеморагична треска на 7 февруари и испратија примероци во лабораторија во Сенегал што можеше да потврди дека еден е позитивен на Марбург вирусната болест, соопшти СЗО. Се вели дека тимовите спроведуваат трагање на контакт и изолираат и третираат сомнителни случаи.
„Благодарение на брзата и решителна акција на властите на Екваторијална Гвинеја во потврдувањето на болеста, одговорот за итни случаи може брзо да дојде до полна пареа“, рече д-р Матшидисо Моети, регионален директор на СЗО за Африка.
Подготвено од А.Ѓ.