27.02.2023 Скопје
Економската перспектива на Велика Британија за 2023 година е подобрена. Според податоците на глобалната компанија за макроекономско истражување Consensus Economics, во декември и јануари, економистите очекуваа бруто домашниот производ (БДП) на Велика Британија да падне за 1 процент оваа година.
Како што пишува весникот „Фајненшл тајмс“, економистите ги ажурираат своите прогнози, односно сега известуваат за пад на БДП од 0,6 отсто во 2023 година.
Иако инфлациската криза е далеку од завршена, Централната Банката на Англија би можела дополнително да ги зголеми каматните стапки за да ја спречи инфлацијата. Подобрената економска перспектива на аналитичарите е поттикната од падот на цените на енергијата и деловната доверба, бизнисите и потрошувачите кои одат подобро од очекуваното за овој период од годината.
Подготвено од М.Н.