evro

22.02.2023 Скопје

Инфлацијата, која достигна особено високи стапки минатата година, ги натера банките да ги зголемат референтните камати и стапките на Еурибор, дополнително притискајќи ги луѓето со кредити.

Според професорот по економија Љубодраг Савиќ, ситуацијата се шири како „ефект на пеперутка“ и ја продлабочува сè потешката финансиска состојба на Србите, а бидејќи и индустриските актери земаат заеми, зголемувањето на каматните стапки ќе се одрази на цените на производите.

Савиќ не се сомнева дека и каматните стапки ќе се зголемат оваа година. Тој објасни дека прогнозите се дека Еурибор би можел да достигне до 3,5 отсто, па дури и до 4 отсто, плус каматна маржа за граѓаните да можат да сметаат на каматна стапка од 6 отсто до 7 отсто.

Професорот по економија, исто така, додаде дека има производи кои се неопходни за основно живеење, додека некои не мора да ги купуваме и тоа ќе доведе до намалување на побарувачката за последните производи, намалување на активностите на одредени компании, а на некои ќе биде загрозен опстанокот. Воедно, нагласи дека разликата помеѓу кризата од 2008 година и оваа е извонредна. Во тоа време, целиот свет беше обединет, а сега е длабоко поделен меѓу Русија и Западот.

Како и многу светски економисти, Савиќ не е оптимист за брз крај на кризата.

Савиќ заклучи дека светот во кој живеевме до почетокот на пандемијата, а особено по руско-украинската криза, веќе не е и никогаш нема да биде истиот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author