elektrichen zavoj

28.02.2023 Скопје

Научниците развија нов медицински уред со потенцијал да го револуционизира третманот, завој за електротерапија што го забрзува заздравувањето на раните и потоа безбедно се распаѓа кога повеќе не е потребен.

Иновативниот завој е тестиран на дијабетични чирови во експерименти со животни и се покажа дека го забрзува заздравувањето за 30 проценти. Ова може да биде многу важен наод за дијабетичарите чии рани може да доведат до лоши резултати како што се ампутација на екстремитетите или дури и смрт.

Иако се работи за електронски уред, компонентите кои доаѓаат во контакт со раната исчезнуваат по завршувањето на процесот на лекување, па се избегнува оштетување на раната и ткивото.

Научниците ја истражуваа терапијата со електрична стимулација како можно решение, бидејќи враќањето на стандардните сигнали на телото со помош на електрична струја помага да се привлечат есенцијални хранливи материи потребни за затворање на тврдокорните рани.

Целта на научниците била да развијат поудобен производ за електротерапија што може да се користи дома. Со создавање електрично коло околу раната, клетките брзо мигрираат и ја регенерираат кожата смирувајќи го воспалението.

Револуционерниот систем користи енергија од две електроди, едната во форма на цвет, се поставува на раната, додека другата е на здравото ткиво.

За да го напојуваат нивниот електричен завој, истражувачите направиle наногенератор што може да се носи со преклопување на листови од политетрафлуороетилен (PTFE), бакарна фолија и полиетилен терефталат (ПЕТ). Наногенераторот ги претворa движењата на кожата, кои се јавуваат при нормална активност или дури и дишење, во мали електрични импулси. Оваа струја тече до двете електроди и создаваат слабо електрично поле.

Тимот го тестираше уредот ставајќи го на рани на грбот на стаорци. Раните покриени со е-завои се затвораат во рок од 3 дена, во споредба со 12 дена кај контролната група со завој без електрично поле. Истражувачите го припишуваат побрзото зараснување на раните на зголемената миграција на фибробластите, пролиферацијата и диференцијацијата предизвикани од електричното поле.

Со овие можности, уредот се контролира безжично, а лекарите можат да одлучат кога да користат електрична симулација и да го следат процесот на заздравување. По заздравувањето на раната, електродата се распаѓа во телото и не треба да се отстранува.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author