https://www.flickr.com/photos/prachatai/50273621016/in/photolist-2jAvs2f-2jAvsj9-2mRC4CP-2jD3BK6-2m1Qvbp-2n63HEG-93VRhs-2n5Qyvt-2n6mgYM-AJfcyE-n4UCx2-h72myK-2n634y6-2nkUKaL-2mRJfty-2nupu1B-2nuqF3f-BS4tr3-9W3pCZ-5UxgZ-2nme7MS-B1RtBk-B2QxnP-Aqd7Wp-AnTuCD-A4Qpqf-B2RVen-B1TFxv-AZFS7U-AnVvPT-AnVtD1-AZGunE-AZHcPh-B2RKBB-AYz3bA-9TPZLm-AnTczG-AZEhrj-fiayM9-2n882SQ-aDTTsQ-2jy3ofd-2kuYrZw-2jwKc1M-2ndN1Zn-2jwKbMW-2np4dkq-2n83eLT-dDwV8s-2nj66Vx

01.02.2023 Скопје

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во Зимбабве изјави дека неговата земја е „веќе подготвена“ да и понуди поголема помош на Русија во нејзината војна против Украина, но истакна дека на Русија во моментов не и е потребна „никаква помош“.

„Ако на нашите руски браќа им треба помош, ние секогаш сме подготвени да понудиме таква помош“, рече Лукашенко без да прецизира што ќе вклучува таа помош.

Лукашенко е во државна посета на јужноафриканската земја Зимбабве за да ги зајакне економските и политичките врски меѓу Белорусија и Зимбабве.

Двете земји тесно соработуваат, особено во земјоделството, а Лукашенко му понуди на Зимбабве повеќе трактори, жетвари и камиони. Зимбабве јавно не ја осуди Русија за инвазијата на Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author