20.02.2023 Скопје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, соопшти дека го предупредил својот кинески колега Ванг Ји, дека Кина ќе се соочи со сериозни последици доколку Пекинг и обезбеди материјална поддршка на Русија во нејзината инвазија на Украина.
Односите меѓу Пекинг и Вашингтон се затегнати откако кинески шпионски балон прелета над американското копно, а американските ловци го соборија по наредба на претседателот Џо Бајден.
Во исто време, Западот внимателно го следи одговорот на Пекинг на војната во Украина. Вашингтон има информации дека Кина би можела да и пружи смртоносна воена помош на Русија.
На Минхенската безбедносна конференција, Ванг повика на дијалог и им предложи на европските земји трезвено да размислат како да ја завршат војната, но исто така додаде и дека „некои сили не сакаат војната наскоро да заврши“, но не потенцираше кои.
Подготвено од М.Н.