20.02.2023 Скопје
Утрово на електронски адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Министерството за внатрешни работи информира дека во тек е безбедно евакуирање на објектите и се спроведуваат антитерористички проверки за расчистување на случаите.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека денеска (20.02.2023) до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Минатата недела во Скопје имаше речиси секој ден дојави за бомби во училиштата, а закани беа испратени и до две училишта во Куманово и четири во Прилеп.
Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори. Досега, како што информираше МВР сите дојави за бомби се лажни.
Подготвено од А.Ѓ.