28.02.2023 Скопје
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Српска сака да биде видлива во целиот европски пристапен процес и дека не треба да се носи никаква одлука на ниво на Босна и Херцеговина без претходен договор.
Додик истакна дека Република Српска сака да се почитува нејзината уставна позиција и механизам за координација, кој има сила на општ акт, речиси Устав, во кој нема одлука на ниво на БиХ доколку не се договори со сите три народи. Тој нагласи дека се борел и за интересите на муслиманскиот народ, дека неговата улога не е да се дојде до решение за Србите што ќе биде на штета на муслиманите, кои нема да го признаат тоа.
Според него, муслиманите не можат да живеат без да доминираат со другите народи, сите индустриски капацитети отидоа во областите каде што муслиманите беа доминантни. Тој рече дека нема сериозен пат кој ја поврзува Бањалука со Србија и дека тоа се прави сега и дека тоа го прават Српска и Србија, на што е благодарен.
„Мора да направиме автопат до Рача, верувам дека во следните четири-пет години Бањалука ќе се поврзе со Србија“, рече Додик.
Кога станува збор за развојот, Додик рече дека Република Српска сега има повисока просечна плата отколку во Федерацијата БиХ и дека не е точно дека тука нема инвестиции, наведувајќи го примерот на Лакташ каде Словенија и Германија градат две фабрики, а странски инвестиции има и во Дервента.
„Во Федерацијата стапката на невработеност е поголема од кај нас, немаме поголеми предизвици, Република Српска е институционално стабилна, нема неплатени обврски“, потсети Додик и додаде дека нема протести за плати и пензии.
Додик рече дека Босна и Херцеговина никогаш не била држава, а тие упорно сакаат да покажат дека била.
Подготвено од А.Ѓ.