22.02.2023 Скопје
Во објектот Чифте амам при Националната галерија денеска, во 19 часот, ќе бидат доделени наградите на „Остен – Биенале на цртеж Скопје 2022“. Во рамките на свеченоста ќе бидат отворени и изложбите на 54. Светска галерија на карикатури 2021/22 и на „Остен арт фестивал“.
На Биеналето ќе бидат претставени дела од 200 меѓународни уметници од 40 земји.
Советот на амбасадори на „Остен“ одлучи Гран при за животно остварување да му се додели на американскиот уметник и теоретичар Јозеф Кошут, еден од пионерите на концептуалната уметност. Наградата за светско културно наследство, пак, ја додели на Харменсон ван Рајн Рембрант, Холандија, едно од најзначајните сликарски имиња во историјата на уметноста на Холандија, како и на светската уметност.
Подготвено од А.Ѓ.