27.02.2023 Скопје
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Гостивар во присуство на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот, Арбен Таравари и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргијев доделија клучеви од новите домови на 45 семејства од социјално ранливи категории.
Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека да имаш топол дом, кров над глава за своите деца, за семејството значи многу и навистина „сум среќен што денеска сите заедно, овде во Гостивар ја споделуваме среќата на 45 семејства, на кои им врачуваме клучеви од нивните домови“. Воедно, додаде дека предизвиците кои ги наметна тешката економска криза, не ја спречија Владата во реализација на спроведување на социјално-станбената политика.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека Владата и Министерството ги преземаат сите мерки за ублажување на последиците од кризата и за обезбедување подобри услови за живот на сите граѓани.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари истакна дека набрзо домување ќе добијат уште 25 семејства од ранливите категории граѓани.
Подготвено од А.Ѓ.