07.02.2023 Скопје
Македонскиот голман Столе Димитриевски имаше блескав натпревар за Рајо Ваљекано во победата над Алмерија (2-0) и повторно ја сочува мрежата недопрена.
За Димитриевски, ова беше осми натпревар сезонава без примен гол. Со ова достигнување, нашиот репрезентативец се израмни Предраг Рајковиќ од Мајорка кој исто така има осум меча без примен гол, како и Алекс Ремиро од Реал Сосиедад.
Зад Димитриевски, остана Јан Облак со седум „чисти мрежи“. Неприкосновен на врвот е Марк Андре Тер Штеген кој оваа сезона на 15 натпревари не прими гол, благодарение на гранитната одбрана на Барселона.
Подготвено од А.Ѓ.