24.02.2023 Скопје
Пред точно една година Русија започна инвазија на Украина, најголемата војна на европско тло од Втората светска војна.
Потсетување на првите неколку часа од инвазијата.
Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиски говор најави започнување на „специјална воена операција“ во Украина. Набргу потоа во Киев почнаа да одекнуваат првите експлозии, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги потврди информациите за руските ракетни напади врз земјата.
Одма потоа претседателот Зеленски најави општа мобилизација и прогласи воена состојба.
Тогашниот британски премиер Борис Џонсон и се обрати на нацијата и изјави, „Нашите најлоши стравови се остварија. Сите наши предупредувања се докажаа како точни. Претседателот Путин започна војна без никаква провокација или веродостојно оправдување“.
Подготвено од М.Н.