den na zhalost

13.02.2023 Скопје

Во државава денеска е ден на жалост во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија. Во нашата држава и пред дипломатско-конзуларните претставништва знамето е истакнато на половина копје.

Одлуката е донесена на 130-та седница на Владата на Република Северна Македонија, која се одржа во текот на вчерашниот ден.

Од Владата на Република Северна Македонија информираат дека одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и во Арапската Република Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.

На почетокот на владината седница беше оддадена почит за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Заклучно со последните информации, бројот на жртвите во земјотресите надмина 34.000.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author