dell kompanija 123

06.02.2023 Скопје

Dell ќе отпушти околу 6.650 работници поради падот на побарувачката за персонални компјутери.

Укинувањето на работните места се очекува да влијае на околу 5% од нејзината светска работна сила.

Компанијата се соочи со тешки пазарни услови со неизвесна иднина и нејзините претходни мерки за намалување на трошоците повеќе не беа доволни, напиша во меморандум ко-главниот оперативен директор Џеф Кларк.

Dell, со седиште во Раунд Рок, Тексас, најави слични отпуштања во 2020 година, по пандемијата.

Најновите реорганизации на одделот и кратењето на работните места беа можност да се поттикне ефикасноста, изјави претставник на компанијата за Блумберг.

Отпуштањата во САД достигнаа највисоко ниво за повеќе од две години во јануари, бидејќи технолошката индустрија, некогаш сигурен извор на вработување, ги намали работните места со второ највисоко темпо досега – за да се подготви за можна рецесија, покажа извештајот.

Компаниите како Гугл, Амазон и Мета сега се борат со тоа како да ги балансираат мерките за намалување на трошоците со потребата да останат конкурентни, бидејќи потрошувачката и корпоративната потрошувачка се намалува во услови на висока инфлација и зголемени каматни стапки, по пандемијата.

Главниот извршен директор Марк Закерберг рече дека неодамнешните кратења на работните места биле „најтешките промени што сме ги направиле во историјата на Мета“, додека Твитер намалил околу половина од својот персонал откако мултимилијардерот Илон Маск ја презел контролата во октомври.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author