04.02.2023 Скопје
Бугарската делегација предводена од бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, пристигна во црквата Св. Спас, во одвоено чествување на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев.
На платото пред црквата Св. Спас се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои сакаат да му оддадат почит на великанот Делчев.
Над 100 автомобили се блокирани на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија помеѓу граничните премини „Гешево“ и „Деве Баир“.
Во автомобилите запрени на граница се и патници за прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Подготвено од М.Н.