fejk vesti

06.02.2023 Скопје

Според новиот акциски план за кој моментално разговара чешката владата, намерното ширење на дезинформации би можело да се најде во чешкиот кривичен законик.

Содржината на нацрт-планот, кој се уште не е објавен, деновиве се појави во медиумите, кој укажува на планови за разјаснување на правниот статус на дезинформациите и адаптирање на кривичниот закон.

Претставникот на чешката влада за медиуми и дезинформации Михал Клима во интервју за Сезнам Зправи изјави дека постои голема експертска дискусија за тоа дали сегашниот кривичен закон е доволен или не за да се справи со случаите на дезинформации.

Според Клима, сегашното законодавство не го покрива доволно прашањето за лажните вести и треба да биде појасно.

Според новиот план, владата предлага да се воведе законодавство што ќе им овозможи на националните власти да ги блокираат сајтовите за дезинформации кои ја загрозуваат националната безбедност. Клима, воедно, додаде дека таквата мерка може да се примени само на дезинформации кои доаѓаат од странство.

Според планот, 2 милиони евра ќе бидат доделени и на непрофитни организации кои се борат против дезинформациите, додека уште 4 милиони евра треба да бидат доделени за чешките медиуми. Иако планот не е јасен за тоа како ќе се распредели финансирањето, Клима навести дека финансирањето треба да биде достапно и за малите и за големите медиуми.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author