deca so poprechenos

03.02.2023 Скопје

Општина Центар повторно го распиша јавниот повик за ангажирање лични асистенти за потребите на ученици со посебни образовни потреби за учебнава година, затоа што на претходниот повик не биле пријавени доволно кандидати за лични асистенти.

Од Општина Центар информираат дека е зголемен бројот на ученици, кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата.

Заинтересираните лица кои ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно, во период од 4 месеци, почнувајќи од 15 февруари годинава па до завршување на учебната година.

Од Општина Центар информираат дека работните позиции препишани во овој Јавен повик се однесуваат на ангажирање лични асистенти со минимум завршено средно образование од која било област, кои имаат претходно искуство во работа со лица со попречености со предност на кандидатите што се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување. На огласот можат да се јават и кандидати кои имаат завршено одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа, како и кандидати кои имаат претходно искуство во работа како лични или образовни асистенти и кандидати кои поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попречености издадена од овластена инситуција.

Општина Центар напоменува дека заинтересираните лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од неколкуте категории – долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители или родители на деца со пречки во развојот.

Јавниот оглас ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author