https://www.facebook.com/photo.php?fbid=318937450414953&set=pb.100068961018275.-2207520000..&type=3

10.02.2023 Скопје

Седницата за реконструкција на Владата можно е да биде закажана веќе во понеделник, соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, доколку во текот на денот премиерот Димитар Ковачевски го достави предлогот до пратениците за составот на новиот владин кабинет.

Алијанса за Албанците ќе биде дел од Владата, одлучи највисокото тело на партијата, а за нејзиниот влез во владината коалиција даде одобрување и Централниот одбор на СДСМ.

Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе и припаднат на Алијансата за Албанците.

Алијансата на Албанците ќе добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделство, шумарство и водостопанство, а меѓу директорските места што би ги добила Алијансата за Албанците се во „Пошта на Република Северна Македонија“, МЕПСО, Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за управување со одземен имот, како и заменик-директори во Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и ЕСМ.

Таравари за денеска најави средба со премиерот Димитар Ковачевски на која, како што рече, ќе ги објави имињата на идните министри и заменици-министри од редовите на оваа партија.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *