https://www.facebook.com/photo/?fbid=9439491316076691&set=pcb.9439491422743347

02.02.2023 Скопје

Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб во Битола, по средбата со еврокомесарот Оливер Вархеји во Брисел, истакна дека Република Северна Македонија ќе влезе побргу во ЕУ, со Бугарите во Уставот како државотворен народ.

Петар Колев и Георги Трендафиловски од партијата на Бугарите во Република Северна Македонија ГДУ и Ѓоргиевски по средбата со Вархеји изјавија дека повеќе од две години безуспешно се обидувале да водат дијалог со властите во државата.

„Наместо да работи на вклучување на Бугарите во Уставот за побрзо почнување на преговорите со ЕУ, Собранието на Република Северна Македонија усвои легислатива за затворање на клубовите на локалните Бугари. Очекуваме следниот извештај на ЕК за напредокот на државата да ги опфати прашањата за кои разговаравме на оваа средба“, изјавија Ѓорѓиевски, Колев и Трендафиловски.

Иднината на Република Северна Македонија е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка на Бугарите кои живеат во земјата со „институционалната омраза и систематската дискриминација”, изјави Ѓеорѓиевски.

Подготвено од М.Н.

About Author