https://www.flickr.com/photos/number10gov/49691181968

24.02.2023 Скопје

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон предупреди дека безбедноста на Велика Британија може да биде загрозена доколку Украина ја загуби војната со Русија.

Во пресрет на првата годишнина од војната, Џонсон изјави дека Обединетото Кралство треба да го скрши мразот и да стане првата земја што испорачува борбени авиони на Украина.

„Украина бара Ф-16. Британија ги нема тие но има тајфуни. Мислам дека Британија треба да го скрши мразот и да испрати тајфуни во Киев. Ако Русија победи, Путин би можел да ги загрози балтичките држави, а би била загрозена и безбедноста на Обединетото Кралство“, истакна Џонсон.

Подготвено од М.Н.

About Author