https://www.facebook.com/photo.php?fbid=657117939113679&set=pb.100044464358055.-2207520000.&type=3

25.02.2023 Скопје

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција изјави дека во вторник, 28 февруари, ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб.

Бектеши истакна дека ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата, потенцирајќи дека ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените.

Министерот Бектеши, исто така, додаде дека се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author