07.02.2023 Скопје

Денеска министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20.500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година, но за да има еднаквост, треба за 2.000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација, средства што се предвидени во сите институции.

Ако за ова треба да се донесе законско решение, Бектеши е убеден дека поддршка ќе дадат сите политички партии.

Според Бектеши, Министерството за финансии ги направи сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.

„Воведовме законско решение за утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2 000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка, а ако треба да се носи законско решение, најверојатно ќе го поддржат сите политички партии. Треба да направиме се што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како Влада. Министерот Бесими рече дека сите проекции и калкулации се направени, тоа тој и го најави“, истакна Бектеши.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *