17.02.2023 Скопје
Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас вели дека Барселона нема да добие спортски казни за исплатите кои ги направиле кон компанијата на поранешниот шеф на судиите во Шпанија.
Во Шпанија се смета дека клубовите можат да бидат казнети во период од три години, пред случајот да застари, а во овој случај последната исплата на Барселона до „Дансил 95 СЛ“, компанијата на Хозе Марија Енрикез Негреира, била во 2018 година.
Тебас смета дека постои основа за кривична пријава, но дека тоа зависи од истрагата за 1.4 милиони евра кои Барселона ги платила на Негреира.
Барселона тврди дека од компанијата добила технички извештаи за фудбалското судење и дека тоа е вообичаена практика кај повеќе клубови.
Негреира беше фудбалски судија од 1977 до 1992 година, по што работеше како потпретседател на судиската комисија до 2018 година, по што замина во пензија.
Подготвено од М.Н.