
08.02.2023 Скопје
Потпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер соопшти дека Кина го одбила американското барање за телефонски разговор меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Лојд Остин и Веи Фенг.
Пентагон поднесе барање за да се оствари повик во саботата, веднаш откако го собори кинескиот балон осомничен за шпионирање на брегот на Јужна Каролина.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, изјави дека балонот бил цивилен и се користел за метеоролошки и други научни цели и дека непланирано скршнал од предвидениот курс.
Патрик Рајдер соопшти дека иако оваа понуда за разговор е одбиена од страна на Кина, посветеност на отворени линии на комуникација меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.
Подготвено од М.Н.