17.02.2023 Скопје
Претседателот на Америка Џо Бајден изјави дека американската војска ќе собори секој иден летечки објект што ја загрозува безбедноста на САД и додаде дека нема да се извини никому за тоа.
Во своето прво обраќање за наводниот кинески шпионски балон и неидентификувани објекти соборени над Северна Америка, Бајден изјави дека се уште не е позната точната цел на балоните, но дека „во моментов нема индикации дека тие се дел од кинеската шпионска програма“.
„Не се сомневајте, секој објект кој ќе претставува закана за безбедноста на американскиот народ, ќе биде соборен“, истакна Бајден и додаде дека очекува да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг.
„Не започнуваме нова студена војна, но нема да се извинувам. Ќе продолжиме да се натпреваруваме со Кина и ќе бидеме одговорни за конкуренцијата да не се претвори во конфликт“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.
Подготвено од М.Н.