sabotaza severen tek

09.02.2023 Скопје

Американскиот истражувачки новинар-ветеран Сејмур Херш на неговиот блог објави дека нашол докази за американска вмешаност во експлозиите на руско-германскиот гасовод „Северен тек 2“ минатата есен.

Херш во написот, повикувајќи се на неименуван извор, навел дека одлуката за минирање на „Северен тек 2“ ја донел самиот американски претседател Џо Бајден.

Според Херш, Бајден го сторил тоа по девет месеци откако разговарал со претставници на администрацијата кои се занимаваат со националната безбедност, Џејк Саливан, државниот секретар Ентони Блинкен, и потсекретарот за политички прашања Викторија Нуланд.

„Ова е целосно лажна информација и целосна фикција“, изјави Адриен Вотсон, портпаролка на Советот за национална безбедност на Белата куќа, а иста ваква изјава даде и портпаролот на Стејт департментот.

Портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, изјави дека тие земји „имаат што да кријат“ и намерно ја блокираат Русија да спроведе истрага околу експлозиите на гасоводот „Северен тек 2“.

Подготвено од М.Н.

About Author