https://www.facebook.com/photo/?fbid=3296436157273404&set=pb.100007211555008.-2207520000.

21.02.2023 Скопје

Руски официјални претставници и државни медиуми објавија информации за посетата на Бајден на Украина и изјавија дека сепак тој е главниот кој „ги води работите“, а тоа се вклопува и во тврдењето на Кремљ дека владата на Зеленски е всушност марионета на американските власти.

За време на гледаното телевизиско шоу „60 минути“, гостите беа прашани дали Русија ја гарантира безбедноста на претседателот и, ако е така, зошто? Тогаш дописничката на „Скај њуз“ од Москва, Дијана Магнеј, соопшти дека еден од гостите во емисијата одговорил, „Можевме да го убиеме Бајден, но тоа ќе беше премногу“

Сергеј Марков, поранешен советник на рускиот лидер Владимир Путин, за „Скај њуз“ изјави дека Русија до сега не се обидела да го убие американскиот претседател бидејќи не сакала нуклеарна војна.

“Русија ќе продолжи да ги прикажува овие снимки како доказ дека Украина ги слуша наредбите на Џо Бајден и дека вистински непријател на Русија се САД“, истакна Марков.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *