15.02.2023 Скопје
Тимот на Баерн Минхен оствари победа од 1-0 на гостувањето кај ПСЖ во првото осминафинале од Лигата на шампионите.
Резултатот беше отворен по осум минути игра во вториот дел кога Кингсли Коман постигна гол за водство на Баерн кое значеше и победа од 1-0.
Брзо потоа во игра влезе Мбапе и дури тогаш ПСЖ се разбуди. Мбапе даде гол во 82 минута, но му беше поништен поради офсајд.
Со истиот резултат Милан го совлада Тотенхем на Сан Сиро.
Голот беше постигнат уште во седмата минута од мечот. Брахим Дијаз со глава одлично се снајде и донесе триумф за росонерите.
Подготвено од М.Н.