https://www.flickr.com/photos/1q89/35650830031/in/photolist-WjkPHi-2nkic9X-3eNCz5-24BZn1t-2nEUrzk-wb1V7-2mdLWA2-2oxRoy-KqTCFj-2i9MRjf-2n4JhG7-4841eF-2jHXUKm-dmyiG-t86joq-621BgK-2ewYU4y-2nLaqPK-Lg8KN1-2GvUdn-2iaAQMo-FqMMfm-2houWkQ-2mGfwj2-3mnQFF-EyqFw-5yddYZ-buikHG-bfi1op-P7Vmyu-22V6aXu-AKJJB-2jTFMuP-JM2fuh-X6cVqA-hv7PN-22YxriQ-2mYNt8r-GvewCr-2np1kVd-LLBC74-2kBbekt-AgeSZm-rpCgHA-2gg5yNS-Qiy3Ms-65pVdG-2oFNXN-2nHy1JJ-24xyedW

02.02.2023 Скопје

Националната банка на Австралија соопшти дека, Австралија ќе ја замени својата банкнота од пет австралиски долари која е со портретот на кралицата Елизабета Втора, со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот.

Оваа одлука уследи по консултации со федералната влада која ја поддржува промената, и истакнаа дека од другата страна на банкнотата, како и досега, ќе има слика од парламентот.

Банкнотата од пет австралиски долари е единствената банкнота во земјата што го носи ликот на кралицата.

Австралиските власти по смртта на Елизабета Втора соопштија дека ликот на кралот Чарлс Трети нема автоматски да го замени ликот на починатата британска кралица на банкнотата од пет долари и дека ликот на кралицата може да биде заменет со австралиски мотиви.

Подготвено од М.Н.

About Author