https://www.facebook.com/photo.php?fbid=716240926527413&set=pb.100044245368721.-2207520000.&type=3

24.02.2023 Скопје

Австралиската влада утринава соопшти дека ќе испрати уште беспилотни летала во Украина за да и помогне во борбата против Русија и воведе нови насочени финансиски санкции против 90 руски физички лица и 40 ентитети на годишнината од рускиот напад врз Украина.

„Беспилотните воздушни системи обезбедуваат разузнавање од бојното поле и овозможуваат надзор и извидување на украинските вооружени сили“, изјави премиерот Ентони Албанесе.

Австралискиот премиер не прецизираше колку точно дронови ќе бидат испратени, за кои модели станува збор и дали ќе бидат вооружени.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на Украина пред една година, што тој ја нарекува „специјална воена операција“ за ослободување на соседните земја на екстремисти.

Се верува дека десетици илјади цивили и војници од двете страни загинале, а милиони биле принудени на егзил.

Подготвено од М.Н.

About Author