https://www.flickr.com/photos/140377809@N05/44495487791/in/photolist-2aMV1jB-2nuhDQW-2kmAAJs-2jMgr6b-2o1dNa6-2nuLpA3-2ns9ECH-2nx814w-2mfpvKP-2m8JWd4-2nnifA1-2kfdGSU-2nuXiaQ-2nEzkZC-2kJEYP3-286TFfA-2fSKjUx-2nrcfGS-2k2HFdU-2nkKXoB-27aCeYJ-2nSHiQ8-2nvTtCD-2o5BYt5-2nwUpyh-EJ9HNA-2nS1Nrq-2jezfEa-2jkMLA7-2iUwjJY-2nzTfSw-LX5S4W-2m3ruVz-2nV96YQ-Hvfv8M-2nu1fAY-2jn1APt-2nZyirg-2jzN929-2nnpEUu-2jEGX8c-2hw9YCH-2j7XqHX-2hhvked-2m1wN4z-2jEGqoq-27HsewF-2jyfHcz-2kcfdsy-2mdeG8J

08.02.2023 Скопје

Русија побара од американската амбасада во Москва да престане со ширењето на лажни вести за руската воена операција во Украина и се закани дека, доколку не престанат дезинформациите кои што се шират, Русија ќе протера американски дипломати.

Предупредувањето вклучува строга порака до Лин Трејси, која е нова американска амбасадорка во Москва, а од Министерството за надворешни работи на Русија соопштија дека Трејси била известена за тоа дека мора строго да се придржува до рускиот закон кога дава било какви изјави за руските вооружени сили во Украина.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент потврди дека американската амбасада добила дипломатска нота од руското МНР, но рече дека генерална политика на Министерството е да не коментира дипломатска кореспонденција.

На 24 февруари ќе се одбележи првата годишнина од одлуката на претседателот Владимир Путин да испрати десетици илјади војници во Украина во, како што ја нарекува, „специјална воена операција“.

Украина и нејзините западни сојузници го обвинуваат Путин дека започнал неиспровоцирана агресивна војна во колонијален стил и го отфрлаат неговото тврдење дека операцијата била дизајнирана да ја заштити безбедноста на Русија од ширењето на НАТО кон исток.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *