14.02.2023 Скопје
Американската војска соопшти дека сензори од наводниот кинески шпионски балон соборен над САД се пронајдени во Атлантскиот Океан.
Екипите за пребарување пронајдоа „значителни остатоци, вклучително и идентификувани делови од сензори и електроника“, соопшти американската војска.
ФБИ ги испитува предметите за кои САД тврдат дека биле користени за шпионирање чувствителни воени локации. САД соборија уште три објекти од 4 февруари.
Американските власти изјавија дека балонот потекнува од Кина и се користел за надзор, но Кина негираше и соопшти дека тоа е само воздушен брод за следење на времето што залутал.
Советникот на Бајден, Џон Кирби, изјави дека имало голема разлика меѓу првиот и другите три објекти.
„Има голема разлика помеѓу кинескиот балон и другите три објекти. Кинескиот објект беше многу поголем, со големина на три автобуси, имаше свој погон. Знаеме што правеше, знаеме за што беше“, истакна Кирби.
Подготвено од М.Н.