21.02.2023 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, брод под либерско знаме беше нападнат во албанските води, откако органите на редот се сомневаа дека ги прекршил санкциите против Русија, а на бродот беа пронајдени околу 22.500 тони нафта.
Во операцијата со кодно име Ембарго, бродот и неговиот екипаж од 22 лица беа запрени во територијалните води на земјата.
Од полицијата во соопштението објаснуваат дека бродот тргнал од Азербејџан, а се тврди дека потоа бил натоварен со нафта во пристаништето Каламата, Грција, од друг брод, во количина од 22.500 тони дизел гориво.
Но, албанските власти се сомневаат дека нафтата дошла од Русија, која моментално е под ембарго, а горивото е шверцувано бидејќи не била достапна точната документација. Ова е последна во низата слични операции каде што е запленето шверцувано гориво во албанските води.
БИРН процени дека во четири неодамнешни операции, речиси 200.000 тони сомнителна шверцувана нафта биле запленети од Русија и Либија, во вредност од околу 400 милиони евра.
Во јануари полицијата уапси 13 лица, меѓу кои десет странци и тројца Албанци, за обид да прошверцуваат 62.000 тони нафта од Либија. Пред тоа, во јули 2022 година, беше запленет моторен рибарски брод со околу 80.000 тони нафта на него. Во септември беа пронајдени околу 25.000 тони, а еден месец подоцна беа пронајдени уште 2.275 тони.
Подготвено од А.Ѓ.