https://www.flickr.com/photos/112531736@N07/12936314345/in/photolist-kH8Zyv-85Fiwp-7k5k8r-96NTPD-u48ZXD-6orG99-7V66F9-7sUJLs-f4MR2-53kHVg-91Lv9Y-6hFpMb-ecDU6p-r1ZAQ1-232uNBY-oCLTEU-8YwffA-4PQn79-6Njg6U-aooyNS-KFX2X-4zDqTB-4t32oP-bbBU1-6NbDBa-e5T3uL-5qQxSm-6ornhN-4Ys1WN-9bzTJ2-4VeYdt-DGa1j-9JizCy-bAPK1H-9AUvB9-arvc3f-LkiqPN-8z4zDx-6i5Z1V-5v7uuY-smQiVS-bz5d2G-9YGSyA-PbarNa-dfnH8F-e8p6Ug-zfgcCM-55McrG-aiTZ6n-8yBvsA

27.02.2023 Скопје

Денеска пекарската индустрија се закани дека ќе престане со производството на леб доколку стапи во сила мерката за замрзнување на неговата цена.

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзне цената и на белиот и на полубелиот леб и таа нема да изнесува над 33 денари.

Од Министерството за економија, исто така, доставија предлог до Владата да се укине субвенционираната струја за компаниите што неоправдано не ги намалија цените на основните прехранбени производи.

На денешниот состанок компаниите членки на групацијата на мелничко-пекарската индустрија, како што соопшти нејзиниот претседател Горан Малишиќ, донеле едногласна одлука да прекинат со производството на леб од денот кога одлуката на Владата за замрзнување на цената ќе излезе во „Службен весник“.

Од групацијата велат дека доколку мерката за замрзнување на цената стапи во сила индустриските пекарници ќе се соочат со штети од над 10 000 евра на ден.

Претседателот на групацијата, исто така, изјави дека уште еден од заклучоците од состанокот бил дека мерката за субвенционирање на електричната енергија во оваа индустрија го дала посакуваниот ефект. Тој рече дека по воведувањето на повластената цена на електричната енергија за компаниите од прехранбената индустрија тие ја намалиле цената на лебот и повеќе отколку што процентуално изнесувало учеството на субвенционираната електрична енергија од државата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author