06.02.2023 Скопје
Агрометеоролозите од УХМР велат дека врнежите од дожд и формирањето снежна покривка на повисоките места минатата недела, позитивно ќе влијаат на есенските посеви зашто количеството воден талог ќе обезбеди добра залиха на влага за идниот вегeтациски период.
Според агрометеоролозите од УХМР, земјоделците не треба да стравуваат од евентуални штети поради ниските температури.
Агрометеоролозите порачуваат дека ниските утрински и дневни температури деновиве ќе бидат во граници на издржливост кај културите, дури и се очекува да им годат на културите во услови на презимување, но доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците да влезат во нивите и може да се почне и со кроење на виновата лоза, зашто операцијата е обемна и потребен е подолг период да се заврши навреме.
Подготвено од А.Ѓ.