https://www.flickr.com/photos/aliarda/43691968225/in/photolist-eF6cPD-rKHbmC-rvyPZt-dnbC4Y-rMWhoV-cqaCAo-29yUKWZ-qnGz9u-rKHvUf-qRdiyv-rvsDFA-rN2hBK-qRdkin-51Y1K5-rMTSK7-pm5gJC-djKZ1p-dB1drS-9p4swh-2gvZ42k-oj8XyG-339XCH-rMNjDT-2gXMsrW-q1Cgfn-cLzakh-xQYqLo-2mG9jEQ-2mG5V7F-kMck3-zKN5ya-qnM8U4-rMTAi9-2ih4shE-rtyMnK-bCaKkT-rvrKPQ-rMUfaS-rtGa5t-qR2o2G-MhVBM1-qRe33D-rMW7hH-qnGJT9-rMVGjn-pmhyAD-qR1xuw-rvyKcH-qR21gC-rKHJqs

14.02.2023 Скопје

Минатата година во месец декември, Република Северна Македонија ја посетиле вкупно 48.913 туристи од кои 40,8 отсто биле домашни, а 59,2 отсто странски.

Туристите оствариле 93.567 ноќевања при што 42,5 отсто се реализирани од домашните, а 57,5 отсто од странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година бројот на туристите е зголемен за 38 отсто во споредба со 2021 година. Кај домашните туристи има зголемување за 5,7 отсто, а кај странските зголемувањето е за 8,8 отсто.

Бројот на ноќевањата е зголемен за 23,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 3,7, а кај странските зголемувањето е за 70,7 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *