https://www.facebook.com/tgrthabertv/photos/a.183743864997666/6208302565875069/

14.02.2023 Скопје

Анадолу јавува дека 26-годишна жена, која остана под урнатините на зграда во Хатај, спасена е 201 час по земјотресот што во понеделникот минатата недела ги погоди јужните делови на Турција.

Бројни тимови продолжуваат со напорите за пребарување и спасување во градот Антакија во Хатај.

Припадниците на рударскиот спасувачки тим денес, по огромни напори, успеаја да ја спасат 26-годишната просветна работничка Емине Акѓул од урнатините на станбена зграда.

По спасувањето, жената со амбулантно возило веднаш е префрлена во болница.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author