01.02.2023 Скопје
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе предложи мерки за да им помогне на европските индустрии да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид и да конкурираат со стимулации што им се нудат на компаниите во САД, Јапонија и Кина.
„Знаеме дека во наредните години ќе се носат одлуки за формата на економијата, нето нултата економија и каде се наоѓа. Сакаме да бидеме важен дел од нултата индустрија што е потребна на глобално ниво“, истакна Фон дер Лајен.
„Целосно се ослободивме од зависноста од руските фосилни горива и многу побрзо отколку што очекувавме, а тоа е многу добро за нас бидејќи сега имаме можност да пренасочиме средства и да се преориентираме во друга насока“.
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ ќе пренасочи околу 250 милијарди евра од фондот „РеповерЕУ“, со цел да ги стимулира компаниите да ги намалат емисиите на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.
Подготвено од М.Н.