06.02.2023 Скопје

Во Србија веќе цели 24 часа паѓа снег, а поради силниот ветер и снежната бура на повисоките места дошло до дефект на електричната мрежа, при што без струја останале 25.220 жители.

РТС јавува дека снежните наноси во селата околу Нова Варош достигнуваат и до два метри. Патиштата кон Копаоник се проодни.

Денеска, Одделението за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека 564 трафостаници се евидентирани без струја, поради што 25.000 корисници се без струја. На терен екипите за електродистрибуција ги отстрануваат дефектите, а припадниците на полицијата им помагаат на граѓаните и итните служби.

Хидрометеоролошкиот завод на Србија издаде предупредување дека до крајот на денот и утре бурниот северозападен ветер ќе создаде снежни наноси во планинските предели. Најголемата брзина на ветерот денеска ќе изнесува 70 км/ч, а утре претпладне и попладне се очекува брзина на ветерот од 55 км/ч.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *