Čudo u Turkiye: Ispod ruševina spašena 17-godišnja Aleyna

16.02.2023 Скопје

Анадолија објави дека спасувачките екипи ја спасија 17-годишната Алејна Олмез во турската област Кахраманмараш од под урнатините на зграда, 248 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Турција.

На единаесеттиот ден од земјотресите, продолжуваат операциите за пребарување и спасување во овие подрачја.

Спасувачките тимови ја лоцираа девојката која била затрупана под урнатините на зграда во подрачјето на Дукадироглу. По нејзиното лоцирање, спасувачите успеаја жива да ја извлечат 17-годишната Олмез која потоа е пренесена во болница.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author