https://www.facebook.com/photo.php?fbid=389925559984644&set=pb.100069016095883.-2207520000..&type=3

15.02.2023 Скопје

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал.

Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Воедно, упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author